Според податоците на Меѓународната агенција за енергетика (International Energy Agency), во 2010 глобалната емисија на CO2 од согорувањето на фосилните горива е зголемена за повеќе од 5%. Во исто време, индустријата на моторни возила вложува големи средства за намалување на емисијата на CO2 за само неколку проценти. Меѓутоа, според една студија која ја направија компаниите Volvo Trucks и Michelin, помали подесувања на возилата можат да имаат изненадувачки голем ефект на потрошувачката на гориво и емисијата на CO2.