квалитетот на производите - Квалитет : VOLVO TRUCKS

Врвна продуктивност зад управувачот

Оние луѓе кои го избираат Волво камионот знаат да го разликуваат квалитетот од шминката. Тие можат да ја оценат ефикасноста на кабината пред да ја отворат вратата. Тие можат да го слушнат мајсторството во изработката штом ќе го стартуваат моторот.
Во Волво, ние создаваме камиони имајќи на ум дека единствената и најважна компонента се наоѓа зад управувачот. Квалитетот на производот се состои од ефикасноста, безбедноста и удобноста што ја чувствувате во нашите кабини и се должи на нашата долга историја на развој на иновативен и сигурен инженеринг.
За да се обезбеди сигурноста на завршениот камион, нашата контрола на квалитетот е постојано во развој наместо да претставува само една компонента на крајот од производниот процес. Еден од камен-темелниците на овој приод е модулираноста на нашите производи, што значи дека голем број компоненти можат да се применат на повеќето модели, обезбедувајќи висок квалитет на производот. Сево ова се преточува во врвна продуктивност зад управувачот за самиот возач.

Зошто одблиску не го погледнете нашиот спектар камиони, користејќи ги нагласените линкови од десната страна?

Printer friendly version