Најнови вести од Volvo Trucks





02.02.2012 Нова организација во компанијата Volvo Trucks

Новата организација во Volvo Grоup за камиони ќе го изоштри фокусот на нејзиниот камионски бизнис со поделба на одговорноста за маркетинг и продажба на камионските брендови на Групација на три географски области. Меѓутоа, со стратегијата за брендовите и производите и понатаму ќе се управува на глобално ниво. На почетокот на 2012 година, Клаес Нилсон, кој претходно беше претседател на дивизијата за Европа, ја презеде одговорноста за најголемиот камионски бренд на Volvo Grоup, компанијата Volvo Trucks.



03.01.2012 Управување во вистинска насока: изборот на тркалата и пневматиците ја намалуваат емисијата на CO2

Според податоците на Меѓународната агенција за енергетика (International Energy Agency), во 2010 глобалната емисија на CO2 од согорувањето на фосилните горива е зголемена за повеќе од 5%. Во исто време, индустријата на моторни возила вложува големи средства за намалување на емисијата на CO2 за само неколку проценти. Меѓутоа, според една студија која ја направија компаниите Volvo Trucks и Michelin, помали подесувања на возилата можат да имаат изненадувачки голем ефект на потрошувачката на гориво и емисијата на CO2.



20.12.2011 Транспортно натпреварување – мерење 25 години прогрес

Во 2012 година компанијата Volvo Trucks ќе започне со производство на својот најмоќен камион до сега – камионот Volvo FH16 со 750 кс. Поминаа точно 25 години откако Volvo го лансираше својот прв 16-литарски мотор во далечната 1987 година. За да види што навистина се променило за тие 25 години, британскиот новинар Брајан Ведерли, кој ги следи камионите, направи транспортно натпреварување помеѓу првиот камион Volvo F16 470 и новиот камион FH16 750.



Запишете се за вестите на Volvo Trucks

Дали сакате да бидете известени преку e-mail и/или мобилен телефон кога Volvo Trucks ќе објави вест на оваа главна страница? Ве молиме подолу да ги внесете вашето име, името на компанијата, e-mail адресата и/или бројот на мобилниот телефон.

  •  
  •  
  •  
  •  

Со штиклирање на квадратчето овозможувате Volvo Trucks да ги забележи вашите лични податоци и да ги користи за цели што се однесуваат на вашето барање.