Аликанте, Шпанија – 5 јули 2010 – Професионалните капитени, сопствениците и членовите на екипажите кои планетата ја претворија во своја тркачка патека, повикани се уште еднаш да отпловат етапа на светската трка. Дестинацијата е Аликанте (1-5 ноември 2011) и овој настан ќе биде прво официјално собирање на сите оние кои некогаш учествувале на оваа престижна трка од 1973 година. Настанот ќе содржи комплетна тркачка програма.