Volvo FL
Built for the urban jungle

Volvo FL

Не морате да поминете долго време во Volvo FL за да почнете да цените колку совршено тој е приспособен на неговото природно живеалиште: градот. Пред сè: лесно е да влезете и да излезете од Volvo FL. А со комбинирање доволно моќност со лесно управување и одлична прегледност на сите страни, тој ви овозможува безбедно да се справите со каква било ситуација во сообраќајот. Краен резултат: тој ќе ве носи вас и вашиот товар од А до Б, па на В, цел ден и во многу идни години. Го препорачуваме FL како избор за брзи испораки во и околу градот, за собирање смет и за други комунални услуги.

Мотор D7F

Мотор со кој може да одите во градот

Непобедливиот брз одговор и моќниот вртежен момент уште од мал број вртежи го прави моторот D7F на Volvo идеален за разни форми на дистрибуција, особено во урбани средини.  Исто така, прецизното впрскување на горивото резултира во екстремно ефикасно согорување.

Volvo FL

Воздушно потпирање што го заштитува вашиот товар.

ECS (Електронски контролирано потпирање) на Volvo автоматски самото се приспособува и го компензира нерамномерно распоредениот товар. Листестите пружини од параболичен тип обезбедуваат одлично возење без удари, дури и при мали оптоварувања на оската.

менувач

Менувачи за секоја пригода

Со Volvo FL, можете секогаш да најдете трансмисија која одговара на вашите конкретни транспортни задачи. Можете да изберете меѓу два рачни, еден автоматски менувач и I-Sync на Volvo. Сите тие се менувачи со лесно менување на степените на пренос и со совршено распоредени преносни односи.

Набавка на Volvo FL – „како“ и „зошто“ прашања

 Најди дилер

Заинтересирани сте за набавка на Volvo FL? Вашето врвно решение за транспорт најдобро ќе го откриете преку средба со некој кој е назначен за целиот процес на набавка и поседување на Volvo Truck. Заедно ќе ги финализирате спецификациите, ќе ја утврдите најдобрата финансиска зделка, како и најсоодветните договори за сервисирање веднаш откако вашиот камион ќе биде на патот.

Volvo FL може да се испорача во следниве конфигурации

Кабини Мотори Трансмисии Задни оски
 Кабини на Volvo FL  Мотори на Volvo FL  Трансмисии на Volvo FL  Задни оски на Volvo FL
Кабина Day
Кабина Comfort
Кабина Crew
D7F (240, 260 или 290 КС)
Рачен менувач
Автоматски менувач
I-Sync
Едностепен пренос
(одобрение на БМК: 25–32,5 тони)

Редукција во главината на тркалото
(одобрение на БМК: 40 тони)