Volvo FMX Комфор вовед


Тешката работа мора да биде комфорна

Комфорот значи многу повеќе од тоа возачот да си помине пријатно на работа. Убедени сме дека возачот кој ужива на своето работно место е добар возач и дека секој чекор во насока на олеснување на напорниот работен ден на возачот е долгорочно исплатлив. Тоа беше нашата појдовна точка кога го проектиравме Volvo FMX да биде најкомфорното работно место во градежната индустрија.