Доколку порано не сакавте ни да помислите да го возите вашето Volvo во каменолом, време е повторно да размислите. Volvo FMX е единствен – тоа е Volvo специјално конструирано за тешки градежни работи. Камион што со леснотија се зафаќа со тешките товари и на кое не му пречат ниту лошиот терен ниту големите стрмнини. Едноставно, тоа е камион што ужива во грубиот живот.
Светски познатата погонска група на Volvo е особено добар пријател на тешкиот терен. Опсегот на шасиите е мошне разновиден, што заедно со многуте други предности ја олеснува и работата на составувачот на каросеријата. А кабините, со секој детаљ во нив, се комфорни и безбедни како што се очекува од еден Volvo.
Многу новини
Volvo FMX има целосно нова предна страна, скроена за грубоста и нередот во градежните операции. Заедно со 570-литарскиот резервоар за гориво, специјално конструираните ретровизори, новите работни светла и новите влезови за воздух, крајниот резултат е Volvo FMX кој е специјалист за каменоломи – продуктивен партнер што го прави темелот за долгогодишно профитабилно работење во градежништвото.