Volvo FMX Безбедност вовед 1


Никогаш не ја загрозуваме безбедноста

„Безбедноста е и секогаш мора да биде основниот принцип што стои зад секој дизајн“ – рекоа основачите на Volvo пред многу децении. Секогаш живеевме според тоа мото и Volvo FMX не е исклучок.

Сите наши кабини ги исполнуваат најдобрите стандарди за безбедност – вклучувајќи ги и шведските барања за безбедност на кабината, кои се најстроги на светот. Опкружувањето на возачот, во и надвор од кабината, е добро опремено, така што возачот може безбедно да ја врши својата работа без да ја ризикува својата безбедност или безбедноста на кој било друг.

Дизајнирани за изджливост
Безбедноста и квалитетот често одат рака под рака. Доколку некој витален дел се истроши, тоа може да има сериозни последици. Затоа, сите делови на камионот се дизајнирани да издржат груба употреба и значителен товар во долг временски период. Еден спореден позитивен ефект е значително помалиот ризик од дефект и непланиран застој.