Сите возила регистрирани по 1 октомври 2006 година мора да го исполнуваат Euro 4 законодавството. Euro 5 стапува во сила на 1 октомври 2009 година.
Новите Euro стандарди за намалување на издувните гасови наметнуваат строги барања за сите производители на возила. Постојат значителни разлики во барањата за емисиите на издувните гасови меѓу Euro 3 и Euro 4 моторите. Емисиите на азотни оксиди (NOx) мора да се намалат од 5 на 3,5 g/kWh, што претставува намалување за 30%. Емисијата на честичките (PM) мора да се намали од 0,1 на 0,02 g/kWh. Тоа одговара на намалување од повеќе од 80%.
Владини даночни стимулации
Неколку европски земји веќе го охрабруваат напредното сообразување со Euro 4 и со Euro 5, преку стимулации во вид на помали патарини (на пример, 10 место 12 центи/km во Германија) или преку поповолна стапка на амортизација за соодветно опремените возила (на пример, во Холандија). Стимулациите за користење на оваа еко-технологија набрзо се очекуваат и во другите европски земји. За подетални информации, обратете се до соодветниот надлежен орган во вашата земја. За повеќе информации во однос на ова, можете да се обратите и до вашиот Volvo Trucks Euro 4/Euro 5 контакт.