I-Shift - возење без напрегање - Спречување на сообраќајни незгоди : VOLVO TRUCKS
I-Shift

Менување за безбедност

Возењето во густ сообраќај по непознати патишта може да биде стресно. Удобното седење со јасен преглед и со лесен пристап до инструментите ви овозможува да се сконцентрирате на сообраќајот што ве опкружува. Затоа, Volvo го разви I-Shift. Најинтелигентниот систем за менување на степенот на пренос за операциите во дистрибуцијата, градежништвото и превозот на долги релации.

I-Shift е дизајниран за да ја подобри управливоста на вашиот камион, со помош на електронски управуван мотор и автоматска трансмисија. Преносот се менува лесно и нежно, приспособувајќи ја секоја промена на степенот на пренос кон тековните услови на возењето, при што електрониката на моторот и на менувачот ги контролира промените.


 

Степените на пренос можете да ги избирате последователно, исто како и во патничко возило со автоматски менувач, и лесно можете да се префрлите на рачно менување на степенот на пренос со помош на рачката.

Резултатот е поголема удобност и безбедност и помалку стрес за вас, како возач.

Printer friendly version