FM Day кабина

Day cab

Day кабината е наменета за транспорти во кои возачот не мора да преноќи во камионот.

Инструмент-табла
Благо заоблената инструмент-табла овозможува сите команди да бидат на дофат на возачот. Во центарот се наоѓа комбиниран инструмент на кој има голем и јасен црно-бел екран за информирање на возачот. 

Пакети за кабина
Доколку сакате да го направите возењето уште побезбедно или уште покомфорно, можете да додадете еден или повеќе различни Volvo FM пакети за кабини. Секој од нив содржи неколку пригодни можности искомбинирани по одлична цена.
Меѓу овие можности е и висококвалитетниот аудиосистем, интелигентните активни безбедносни системи и биксенонските светла.

На располагање се пакетите: Driving, Visibility, Personal Protection, Preventive Safety, Resting and Audio.

Простор за складирање
  • Два големи оддела за складирање со вратички и четири DIN оддели над ветробранот.
  • Места за складирање зад седиштата на совозачот и на возачот, до кои може да се пристапи однадвор.