Volvo FM – Потпирање на шасијата 2


Потпирање

Воздушно потпирање
Volvo ECS (електронски контролирано потпирање) ви дава голем комфор и го заштитува вашиот товар. Системот се приспособува автоматски, така што камионот ја задржува константната висина, компензирајќи го нерамномерно распоредениот товар.

Рачната контрола на висината го олеснува приспособувањето на висината на товарната платформа со онаа на товарното место. Системот може да биде програмиран и со повеќе алтернативни висини на товарните места.

Листести пружини
Volvo FM може да биде опремен со параболични или со конвенционални листести пружини. Параболичните листести пружини најчесто се користат за потпирање на предната оска и можат да се комбинираат со воздушно, параболично или со конвенционално задно потпирање. Доколку оптоварувањата на оските се големи, а теренот понекогаш е тежок, на располагање ви стојат и конвенционалните листести пружини.